ПСЖ го сака Бака – Милан ја постави цената!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еминентниот „Екип“ тврди дека трансфер цел број еден на ПСЖ во зимскиот преоден рок ќе биде напаѓачот на Милан, Карлос Бака.

Унаи Емери сака да донесе еден централен напаѓач кој ќе биде конкуренција на Единсон Кавани, бидејќи „светците“ во моментов го имаат само Уругваецот на таа позиција.

Најголема желба на Емери е Карлос Бака со кого соработуваше заедно во Севиља и наводно е во постојан контакт со напаѓачот, кој нема ништо против да се пресели во Париз.

„Екип“ тврди дека Милан нема да се противини на продажбата на Колумбиецот, но за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Доколку се реализира овој трансфер „росонерите“ се спремни да платат 45 милини евра за ѕвездата на Торино, Андреа Белоти кој е еден од најдобрите напаѓачи во Серија А во моментов.