Ајакс има ново „чудо од дете“ – го сакат сите!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ајакс е познат по својата школа и големиот број на таленти кои ги лансира во професионалниот фудбал, па сега имаат нов „бисер“ кого го следат најголемите европски клубови.

Станува збор за младиот напаѓач Каспер Долберг, со добрата игра оваа сезона го привлече вниманието кон себе и го доби епитетот „новиот Ван Бастен“.

Долберг оваа сезона беше стартер на 12 натпревари во првиот тим на Ајакс, а постигна осум погодоци, па скаутите на европските гиганти константно ги следат неговите настапи.

„Многу внимателно ги следиме неговите партии. Кога ќе дојде време, ќе донесеме одлука за евентуалниот трансфер. Навистина се работи за голем потенцијал, Висок, силен, храбар и брз. Има фантастичен прв допир со топката, може да игра со грбот свртен од голот и умее да донесе вистински одлуки“, истакна еден од скаутите на Манчестер Сити.

Покрај Сити младиот напаѓач го следат уште и Манчестер Јунајтед, Арсенал, Евертон, Милан, Јувентус, Барселона…