Home Актуелно Прво од СДСМ, сега и од ВМРО-ДПМНЕ: Двајца пратеници позитивни на Ковид-19 ќе гласаат во четврток со скафандери во Собрание

Прво од СДСМ, сега и од ВМРО-ДПМНЕ: Двајца пратеници позитивни на Ковид-19 ќе гласаат во четврток со скафандери во Собрание

Координаторот на пратениката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ангелина Петковска се позитивни на ковид-19, потврдува за тв 24, Мицевски. Тој во изјава вели дека се чувствува добро и нема ништо неизвесно во однос на неговото и гласањето на Петкова за недоверба на владата.

„Имајќи го в предвид протоколот кој беше донесен од ЦЈЗ, а применто во Собранието во едно претходно гласање, нема ништо неизвесно во однос на нашето присуство и гласање. Ако се сеќавате, имаше и кривични пријави кои беа отфрлени и беше констатирано дека се е во ред.“ – изјави Мивевски за тв 24.

Мицевски се повикува на случајот кога двајца пратеници на СДСМ позитивни на ковид-19, гласаа во Собранието во скафандери, а јавното обвинителство ја отрфли пријавата, констатирајќи дека била запазени протоколите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…