Home Шоубизнис Првиот популарен машки „плус-сајз“ модел порачува: „Сакајте си го телото“

Првиот популарен машки „плус-сајз“ модел порачува: „Сакајте си го телото“

30-годишниот Аркадио Дел Вале е Американец кој сонувал да работи во светот на модата, но поради неговата крупна телесна градба стравувал дека нема да има шанси во модните води.

Но, судбината за него имала поинакви планови. Благодарение на новите трендови во таа индустрија, успеал да го добие неговиот ангажман од соништата и да влезе во светот на модата и тоа директно, преку модната писта.

Кариерата започнала да му напредува кога прекинал да се срами од големината на телото со која што денес гордо промовира конфекциска големина „5XL“. Аркадио пред четири месеци се прошета на пистата на Њујоршката модна недела, каде што носеше облека на британски моден бренд за мажи.

A post shared by Ady Del Valle (@adydelvalle_) on

„Модниот агент ме пронајде на интернет. Кога ме викнаа да учествувам на модната ревија, мислев дека се шегуваат. Моето семејство се уште не е свесно со која брзина станувам популарен. Уште малку и ќе ми треба менаџер бидејќи ми пристигнуваат работни понуди од сите страни“, кажува Дел Вале.

Американецот е роден во Бостон, има речиси 200 килограми, а популарен е на Инстаграм каде што со фотографиите сака да ги поттикне луѓето да го прифатат своето тело.

A post shared by Ady Del Valle (@adydelvalle_) on

„Кога растете во свет каде што медиумите форсираат слика за тоа како треба да изгледате, тоа е голем притисок. Не бев среќен кога растев“, кажува Аркадио и додава дека бил инспириран од женските модели со облини.

„Започнав да објавувам свои фотографии и бев воодушевен од реакциите на луѓето. Ми забележуваат дека промовирам нездрав живот, но тоа не е случај. Мојата е идеја е дека луѓето треба да ги прифатат своите мани и да ги искористат. Секојдневно ми се јавуваат мажи, жени и тинејџери кои ми кажуваат дека сум им инспирација“, заклучува тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …