Првиот ден од август носи пеколни температури


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот августовски ден во Македонија носи претежно сончево и топло, попладне особено во западните делови со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе биде 9.

Дневните температури ќе достигнат до 39 Целзиусови степени – Скопје 36, Маврово 29, Охрид 31, Битола 34, Кавадарци 38, Крива Паланка 32, Берово 30 и Дојран 39 степени.

И за утре прогнозата е сончево и доста топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец и дневни температури слични на денешните.