Прва официјална понуда за Килијан Мбапе…и тоа каква!

Најголемото откритие оваа сезона, 18-годишниот Килијан Мбаше се најде на радарор со скоро сите европски гиганти. Иако до сега имаше само медиумски шпекулации, вчера пристигна и првата официјална понуда за младиот Французин.

„Кадена Коп“ јавува дека Манчестер Јунајтед испратил понуда од 110 милиони евра, меѓутоа според информациите Монако веднаш ја одбил истата и порачал дека Мбапе сеуште не е на продажба.

Со оглед на фактот дека Мбапе има само 18 година уште сега е јасно дека тој ќе биде најскапиот фудбалер на сите времиња. До кога Монако ќе успева да одолева на ваквите понуди останува да си види, но тешко дека Фрнацузинот и следната година ќе остане во „кнежевството“.

Покрај Манчестер Јунајтед интерес за крилниот напаѓач покажуваат уште Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити, Арсенал, Баерн Минхен, ПСЖ и Челзи.