Пружена рака: Силјановска, Пендаровски и Река се ракуваа за фер изборна борба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тројцата претседателски кандидати кои ќе ја водат главната трка за нов претседател на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровск и Блерим Река, си пружија рака пред почетокот на кампањата и откако ставија потпис за фер и демократски избори си заминаа заедно од Државната изборна комисија.

Тројцата кандидати велат дека не се чувствуваат како непријатели, туку како колеги кои се пред нов предизвик во животот.

„Ние тројцата ќе имаме полесна работа зашто сме колеги, академски професори, се знаеме и од пред трката и не верувам дека ова ќе биде трка за живот и смрт, туку ќе биде трка која можеби ќе отвори нова страница во изборната историја на Северна Македонија“, рече Блерим Река, кандидат за претседател.

„ За мене етичките правила се исто толку важни и можеби поважни од правото и правдата. Строго ќе се држам до нив. Со респект кон соучесниците, не ги сметам за непријатели. Последниот збор ќе го имаат граѓаните“, вели Гордана Сиљановска Давкова, кандидат за претседател.

„Немам никакви дилеми дека, барем што се однесува до нас тројцата, ќе направиме се да останеме во рамки на една демократска борба каква што и доликува на една држава која е де-факто членка на НАТО и очекува да стане членка и на ЕУ. Посакувам успешни, фер и демократски избори“, рече Стево Пендаровски, кандидат за претседател.