Провокатор на отворање на клубот „Никола Вапцаров“ – провоцираше, пушташе фашистички маршеви, навредуваше (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Маж кој носеше звучник во ранецот, постојано беше меѓу Македонците кои денеска присуствуваа на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград и предизвикуваше вербални расправии.

Тој на својот звучник пушташе бугарски фашистички маршеви, навредуваше, провоцираше… Присутните во еден момент му го исклуја звучникот. Провокаторот беше во конфликт и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

Дури откако оценија дека е можно да дојде и до посериозен инцидент, бугарските полицајци го отстранија.