Мајка, модел и бизнисменка – вака на кратко ја опишуваат Порториканката Бернис Бургос, која речиси преку ноќ стана еден од најпризнатите и најдоминантни урбани модели.

16-11-burgos1

Пред неколку години, 30-годишната Бургос препозна еден недостаток во модната индустрија – малиот избор на облека за спиење кој би одговарала на жени со секаков облик и големина.

16-11-burgos2

Оттогаш, таа го разви она што денес е познато како брендот Bold&Beautiful, кој нуди таква линија на удобност и сексапил. Во дизајнот Бургос помош има од својата ќерка Ешли.

16-11-burgos3

„Како порториканска жена која порасна во шпанскиот Харлем, за мене најважно беше да ја научам ќерка ми како да напредуваат. Bold&Beautiful ми ја даде таа шанса за бизнис заедно со ќерката и задоволување на потребите во модната индустрија за облека за спиење која прави секоја жена да се чувствува удобно и секси во исто време“, изјави Бургос.

16-11-burgos4

Провокативната латино убавица кариерата како модел ја започна на 27 години, а успехот го доживеа со едиторијали во познати списанија и улоги во повеќе музички спотови, филмови и серии. На нејзините секси облини не одолеа ниту раперот Дрејк со кого беше во врска.

16-11-burgos5 16-11-burgos6 16-11-burgos7 16-11-burgos8 16-11-burgos9 16-11-burgos10 16-11-burgos11 16-11-burgos12 16-11-burgos13