Home Актуелно Проверете дали ве има на списокот со граѓани на кои им следува домашна платежна картичка

Проверете дали ве има на списокот со граѓани на кои им следува домашна платежна картичка

На денешната прес-конференција, министерката за финансии Нина Ангеловска објави дека секој граѓанин може да провери дали е корисник на домашната платежна картичка.

Списоците на корисниците согласно дефинираните каритериуми со владината уредба се изготвени и конечната листа е објавена на веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk, а веќе се печатат и првите картички и наскоро ќе почнат да се издаваат на корисниците. Ова го соопшти денеска на прес-конференција министерката Ангеловска, која додаде дека банките ќе почнат да ги доделуваат картичките од крајот на оваа недела, а сите картички ќе треба да бидат издадени најдоцна до 18 јули и искористени најдоцна до 15 август.

Таа појасни дека потребно е граѓаните да го внесат само матичниот број, и да се најдат на листата.

„Заведени се вкупно 324.479 корисници на листата за Домашна платежна картичка и согласно тоа мерката ќе чини 28 милиони евра, односно поточно 27,8 милиони евра. Со овие средства ќе се поддржат таргетираните категории граѓани, ќе се поттикне потрошувачката на домашни производи и услуги и преку вбризгување на 28 милиони евра ќе се поттикне економската активност. Ова ќе придонесе за ревитализирање на македонската економија во услови на Ковид-19“, истакна министерката Ангеловска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…