Филм / ТВ

Протекоа датумите за враќањето на култната Game of Thrones

Фановите на Game of Thrones оваа година за новата седма сезона од мега популарната серија ќе чекаат неколку месеци подолго отколку досега.

Имено, седмата сезона премиерното прво емитување на нејзината прва епизода ќе го доживее на 25 јуни, судејќи според информациите кои, веројатно по грешка, беа објавени на IMDB, па брзо беа избришани.

Веќе беше најавено дека сезоната ќе почне со емитување нешто подоцна, а протекоа и детали од дејството, па сега и датумите на премиерните емитувања на епизодите од најновото издание на Game of Thrones.

Иако информациите за датумите не се официјално потврдени, се смета дека би можеле да бидат точни. Потврдено е дека пет големи ѕвезди (Кит Харингтон, Емилија Кларк, Лена Хеди, Питер Динклејџ и Николај Костер-Валдо), идните две сезони, кои воедно ќе бидат и последни, ќе заработуваат дури по 1,1 милион долари по епизода.

To Top