Home Наука и техонологија Промоција на „Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ од Александра Јуруковска

Промоција на „Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ од Александра Јуруковска

Во сабота, 13 јули 2019 година, со почеток во 20:00 часот, во Jazz club „ДЕПО“ во Струмица, ќе се одржи промоција на книгата од областа на медиумите и книжевноста „Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ од м-р Александра Јуруковска. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Александар Прокопиев и Митко Гогов.

„Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ е компаративно-интермедијална анализа за третманот на книжевноста во неколку македонски медиуми. Истражувањата се насочени кон македонските состојби во контекст на светските тенденции, повремено споредени и со регионалните текови.

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст -Струмица“ заедно со авторката предвидудуваат во една неформална атмосфера интерактивна промоција во која секој од присутните може да се вклучи со сопствено видување, како и ангажман во она што претставуваат медиумите во денешно време, наспроти старите форми на издаваштво и нивната дигитализација.

„Контекст – Струмица“ промоцијата ја реализира во соработка со општина Струмица и издавачката куќа Авант Прес од Скопје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…