Променливо облачна среда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, среда, 12 февруари, времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне во западните и северните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од пет до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура ќе достигне до 10 степени. Во Маврово 5, Охрид и Битола 10, Крива Паланка и Берово 8, Кавадарци 12, Дојран 15.

Во четврток ќе биде суво и посончево. Под влијание на влажен бран во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.