Home Актуелно Променлив понеделник со облаци и дожд

Променлив понеделник со облаци и дожд

Времето во понеделник и вторник ќе биде пооблачно со повремени врнежи од дожд, особено во претпладневните и пладневните часови.

Повеќе врнежи се очекуваат во северните, а во вторник во западните делови од земјава. Ќе има и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува и ќе услови намалување на дневната температура.

Во Скопје температурите ќе се движат од 10 до 20 степени. Во среда претпладне на запад се уште ќе има услови за локален дожд, а од четврток времето ќе биде стабилно со значителен пораст на температурата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…