Home Актуелно Променлив и постуден последен мартовски ден

Променлив и постуден последен мартовски ден

Последниот ден од месец март за оваа година во Македонија носи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег, особено попладне и во текот на ноќта.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 7 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран в среда ќе има врнежи од дожд, на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2), а на планините снег. Поради заладувањето и спуштање на дневните температури од 10 до 15 степени врнежи од снег ќе има и во некои пониски места, каде што ќе се формира снежна покривка. В четврток и петок ќе настапи стабилизирање на времето, но минималните температури во поголемиот дел од земјава ќе бидат под нулата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…