Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Било каква промена на градите може да биде знак за рак, па ако забележите нешто, не одложувајте да го посетите лекарот.
За многумина од нас, градите просто се тука, затоа често ги запоставуваме. Сепак, важно е да се грижите за нив и да ги следите сите можни промени кои ќе забележите. Така ќе бидете секогаш еден чекор напред, што се однесува на вашиот здравствен статус.
Било каква промена на градите може да биде знак за рак, затоа ако забележите нешто, не одлoжувајте да го посетите лекарот.
Грутче на градите
Меката маса која се движи под вашата кожа веројатно е циста исполнета со течност. Ако грутчето е тврдо, можеби станува збор за бенгини промени, но уште еднаш, треба да се провери со лекар.
Осип на брадавиците
Се гледаат како убод од инсект, црвенило или осип, кои не поминуваат дури и по неколку недели, можат да бидат знак за некој вид на рак на дојката.
Набрана кожа на градите
Ако ткивото стане набрано слично на кожа на портокал, тоа може да биде знак за зацврстување на лимфниот чвор, што укажува на запалителен рак на дојката.
Младичка или темна петка што менува боја или облик
Ракот на кожата најчесто се појавува на нозете, но и градите можат да бидат мета на оваа болест. Обратете внимание на асиметриите, неправилните ивици на делот на градата или нозете, варијациите во боите и на тоа дали расте и се шири.
Покрај редовниот преглед на градите што го вршите сами, обавезно потсетете го гинекологот да изврши и преглед на вашите гради кога ќе отидете на редовен годишен преглед!