Промена на планот: Нема гламурозна презенатција на Роналдо!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Навивачите на Јувентус, а и цела Италија со нетрпение го очекува понеделник кога официјално најдобриот фудбалер на светот ќе пристигне во Торино.

Роналдо ќе пристигне во Италија понеделник наутро, ќе ги помине рутинските лекарски прегледи, а потоа и официјално ќе стане нов фудбалер на Јувентус.

За понеделник најавена беше грандиозна презентација на Португалецот на стадионот на Јувентус во холивудски стил, но од тоа нема ништо.

Роналдо после прегледите ќе се појави на нормална пресконференција и ќе позира во дресот на Јувентус, но нема да има никакво шоу на стадионот.

Ова денес го потврдија сите италијански медиуми, кои не прецизираат дали презентацијата е само одложена за друг ден или воопшто нема да има презентација од таков тип.