Промена на панот: Летот на европските шампиони ќе задоцни!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар нема да пристигнат во 18:50 часот како што беше најавено, туку во 20:30 часот. Ова го потврди и скопскиот градоначалник Петре Шилегов, а причината била административни проблеми.

Поради административни причини летот од Келн бил на кратко одложен, па сега се очекува „црвено-црните“ херои да слетаат на Меѓународниот аеродром Скопје во 20:30 часот.

„Почитувани, заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18.00 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот“, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот профил на Фејсбук.

Се друго останува непроменето, се очекува хероите масовно да бидат пречекани со голема прослава на плоштадот во Скопје.