Пролетта почна со снег – така продолжува и денес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дваесет и вториот мартовски ден од оваа 2021 година во Македонија носи облачно време и уште од ноќта со врнежи од снег на планините и на повисоките места.

Преку денот на југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје и Крива Паланка 4 Целиусови степени, 0 во Маврово, Охрид 7, Битола 6, Берово 3, Кавадарци и Дојран 9.

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе има провејување на слаб снег, на југоистокот со појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 0 до 9 степени.