Home Актуелно Пролетен понеделник

Пролетен понеделник

Првиот априлски понеденик времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 17 Целзиусови степени.

Според прогнозата на УХМР, во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Нов влажен бран се очекува утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда, кога ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините, особено во северните делови – со врнежи од снег.

Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, а од четврток и во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето со утрински температури кои на повеќе места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…