Пролет со нови предизвици: 10 чекори до рамен стомак


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пред самото доаѓање на пролетната сезона, фитнес центрите работат со полна пареа. Ниските температури како на еден начин да ги менуваат здравите навики на луѓето, па така почетокот на пролетната сезона претставува еден вид на будење. Потсетник дека е време да обрнеме повеќе внимание на себеси.

Но пролетта значи и лесна облека, а тоа пак за оние кои имаат проблем со тежината е дополнителна главоболка. Па како наместо да ги криете вашите вишок килограми, може да се ослободите од нив?

Патот до вита става е навистина едноставен. И наспроти колективното его на сите фитнес професионалци во земјава кое упорно тврди поинаку, убавата фигура лесно се стекнува.

Па така, во обид да ве подучиме како побрзо до вита става, без притоа да го измените целото ваше секојдневие и платите членарини по разни центри, споделуваме 10 чекори до вита става.

Извадоците се од комплетниот водич за рамен стомак објавен во веб магазинот Lifestyle Updated.

  1. Оставете ги рафинираните шеќери. Без разлика дали станува збор за цврста храна или пак засладени пијалоци, прекинете со внесување рафинирани шеќери наредните месец-два.

Наместо тоа, засладете се со една лажица природен мед дневно. Медот содржи Крисин- природен инхибитор на ароматаза, кој помага да се намали акумулацијата на масно ткиво (извор).

  1. Намалете со алкохолот. Не само што внесувате непотребни калории, туку и создавате хормонален дисбаланс, имено зголемено ниво на штетен естроген. Пробајте, во наредните месец два, да се држите до една чашка највеќе 1-2 пати во неделата.
  2. Избегнувајте транс масти по секоја цена. Потешко разградливи, тие остануваат во вашето тело подолго и се далеку поопасни од вообичаените масни производи. Погледнете ја и етикетата при купување во супермаркетот, бидејќи транс мастите често се користат за продолжување на рокот на траење на одредени производи.
  3. Внесувајте Индол 3 Карбинол. Природна состојка која се наоѓа во одредена група зеленчуци како што се брокулата, зелката, карфиолот и проќељот. Едно до две сервирања од 100 грама свежа зелка или пак брокула во денот е сосема доволно.

Оваа состојка ги менува некои од гените во масното ткиво и помага за побрзо согорување на истите.

  1. Почнете да конзумирате куркума. Куркумата е активната состојка која се наоѓа во турмерик- зачин кој му ја дава специфичната боја на карито. Пар студии посочуваат дека куркумата не му дозволува на масното ткиво да се формира и шири.

Таа исто така помага при хормонален баланс, со што штетниот естроген се држи во границите на нормалата.

Но куркумата, и покрај своите својства, има неверојатно мала абсорпција во организмот. Па така, наместо само да помине низ вашиот дигестивен трак, постои еден трик со кој можете да ја подобрите абсорпцијата.

Конзумирајте бибер заедно со куркумата. Тој содржи пиперин за кој пак е докажано дека ги зголемува својствата на серумот куркумин, а воедно и неговата абсорпција.

  1. Суплементирајте ја вашата исхрана со цимет и ѓумбир. Циметот ќе ви помогне да ја намалите концентрацијата на шеќер во крвта со тоа враќајќи ја сензитивноста на инсулин.

Ѓумбирот пак од друга страна (земан одделно) според многу студи има позитивен ефект кога станува збор за тошење на вишокот килограми.

  1. Внесувајте повеќе протеин на сметка на јагленохидрати, и обидете се да внесувате доволно влакна во исхраната. Протеинот го забрзува метаболизмот, го храни мускулот, и ви помага да симнете килограми побрзо. Влакната пак ќе ви овозможат да се чувствувате сити, и ќе спречат дополнително фирмирање на маснотии околу абдоменот.
  2. Пијте вода, постојано. Добра навика би било да носите мало шише со вас, и така да го распределите внесот на вода во организмот низ целиот ден. Звучи едноставно, но постојана хидрација навистина помага при топењето на вишок килограми.
  3. Доволно сон, и помалку стрес. Седум до осум часа во денот се доволни за убаво да се одморите. Не правете компромис останувајќи до доцна, и создадете навика за легнување порано.

Недостатокот на сон е високо поврзан со зголемување на нивото на кортизол- хормон кој навистина ќе го попречи вашето слабеење.

Кортизолот исто така се покачува и при стресни ситуации, и постојан стрес кој тлее во позадина. Затоа, пробајте да поработите на себе и со тоа го намалите стресот во денот. 15 минути медитација може да направи чуда.

  1. Анаеробни вежби во комбинација со вежби со отпор. Додека целиот текст досега зборува за навики кои се поврзани со исхраната, оваа е подеднакво важна. Створете навика да вежбате барем два пати во неделата, по 20тина минути, согорувајќи го масното ткиво.

Кардио вежбите, комбинирани со вежби со отпор (оние со сопствена тежина) се сосема доволни за да видите добри резултати.

Едно пребарување на YouTube ќе ви покаже десетици комплетни рутини со кои можете да започнете. Бидете трпеливи, и внимавајте на себеси со тоа што ќе останете во вашата зона на комфор. Има време за подобрување- на почетокот едноставно започнете со потење.

Повеќето луѓе сметаат дека губењето килограми е некаков комплексен процес, кога за воља на вистината е сосема поинаку. Сите знаеме што е тоа кое треба да се направи, но оној мрзеливиот дел од нас изнаоѓа непотребни дебати на веќе јасни практики. Едноставно е, на вас останува само да бидете конзистентни.

Пролетната сезона сеуште не пристигнала, па така имате време да намалите дел од вашите килограми. Запомнете дека ова е процес, и дајте си себеси месец-два во кои нема да се грижите многу околу килограмите. Практикувајќи ги овие совети, знајте дека правите добро за вашето тело, и дека сте на добар пат кон вита става. Потребни се месец-два, но ќе ги забележите резултатите дури и во текот на првата и втората недела.

Нека пролетната сезона донесе нови предизвици, и подобрено здравје.

Автор: Славко Дешиќ