Home Актуелно Прогресивното оданочување се укинува, хонорарците и фриленсерите ќе можат доброволно да плаќаат придонеси

Прогресивното оданочување се укинува, хонорарците и фриленсерите ќе можат доброволно да плаќаат придонеси

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски изјави дека се укинува прогресивното оданочувања, не се предвидуваат нови даноци, а данокот на личен доход останува со единствена стапка од 10 проценти и нема да се оданочуваат каматите на депозитите на штедни влогови. Тој посочи дека почнува да се имплементуира даночната реформа од 1 јануари.

– Зборот праведност е клучен во даночната реформа. Таа треба да обезбеди даночен систем кој ќе биде ефикасен, праведен, со поголема транспарентност и со нагласена борба против сивата економија. Истовремено ќе имаме и зелено оданочување- рече Ковачевски.

Во однос на хонорарците, тој рече дека тие ќе имаат можност доброволно да плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Притоа, ќе има посебна платформа, затоа што тие немаат постојани вработувања.

Во однос на данокот на добивка, доколку добивката не се реинвестира, а тоа се искористи како даночно ослободување, ќе се применат многу високи казни, за да се избегнат злоупотребите.

– Дополнително, ќе има оданочување на екстра профитот на компаниите кои во време на криза оствариле поголема добивка – откри премиерот.

Тој информираше дека новина во однос на повласетените даночни стапки ќе биде тоа што за подобрување на репродуктивното здравје на жените и за поголема достапност на средствата за менструлан хигиена, тие ќе имаат стапка од 5 проценти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…