Писмо-бомба било испратено до шпанскиот премиер Санчез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските полициски служби пресретнале коверт кој содржел пиротехнички материјал, а бил адресиран до премиерот Педро Санчез во палатата Монклоа во Мадрид, јави денеска шпанскиот весник „Ел Паис”.

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека станува збор за коверт сличен на оние што вчера и денеска беа откриени во Министерството за одбрана, украинската Амбасада, Сарагоса и воздухопловната база Торехон.

Писмо-бомба пристигнало во воздухопловната база Торехон рано утринава и истрагата е во тек.

Експлозивна направа во Сарагоса била откриена синоќа во фабрика за оружје која произведува фрлачи на гранати што Шпанија ги испратила во Украина. Полицијата извршила контролирана експлозија на пакетот.