Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Вториот декемвриски ден во Македонија претпладнето по одделни котлини носи појава на магла и ниска облачност, а преку денот времето ќе биде сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне со услови за слаба магла, преку денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Утре ќе се задржи стабилно време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од недела следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…