Home Актуелно Прогноза: Еве какво време носи оваа работна недела

Прогноза: Еве какво време носи оваа работна недела

Во Македонија денес ќе имаме сончево време, со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер кој ќе дува претежно од северен правец. Mаксималната дневна температура ќе се движи меѓу 25 и 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време. Утринската ќе изнесува 17, а максималната дневна 34 степени Целзиусови.

Во наредните денови ќе за задржи слично време и висок индекс на УВ зрачење. Минималната температура во вторник ќе биде во интервалот од 12 до 20 степени, а максималната од 30 до 37 степени. Во среда утринската температура ќе се движи меѓу 13 и 21 степени, а максималната од 31 до 38 степени. Двата дена индексот на УВ ќе изнесува 9.

Во четврток времето ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец и мал пад на температурата. Попладне во источните делови ќе има услови за појава на локална нестабилност. Минималната темепратура ќе биде во интервал од 13 до 22 степени, а максималната од 29 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе биде 8.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…