Home Актуелно Продолжуваат жештините во Македонија

Продолжуваат жештините во Македонија

И во августовските денови кои следат во Македонија продолжува периодот на стабилно и жешко време, но максималната температура од денеска ќе биде во просек за два степенa пониска во однос на вчерашната.

Како што соопшти УХМР, времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степена. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.

До четврток ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. В четврток попладне и в петок се очекува дестабилизација која ќе услови локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В петок температурата дополнително ќе се намали.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…