Продолжува трговската војна: САД воведе нови царини за кинеските стоки


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Соединетите Држави воведуваат царини за кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари и со тоа ја продолжуваат трговската војна на двата гиганти предизвикувајќи нова ескалација во економските односи со Пекинг.

Повисоките давачки за увоз ќе се применуваат на скоро 6.000 производи, вклучувајќи чанти, ориз и текстил. Овој потег уследи по претходната одмазда од страна на Кина, која ја oцарини американска соја, како и други земјоделски производи како одговор на првичното наметнување на тарифите на САД.

Новите царини ќе стапат во сила од 24 септември, почнувајќи од 10 насто и ќе се зголемат на 25 отсто во следната година, освен ако двете земји не постигнат договор.