Крсте од Канада донираше 100.000 долари за движењето „Бојкотирам“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како финансиска поддршка за кампањата на движењето „Бојкотирам“ кое повикува на бојкот на претстојниот референдум, собрани беа повеќе од 145.000 канадски долари. Најголем дел од канадската донација, односно 100.000 долари е од бизнисменот Крсте Ивановски, објави Вечер.

Во организацијата на овој значаен настан учествуваа: Светскиот Македонски Конгрес од Канада, Организацијата Обединети Македонци од Канада, Македонското Меѓународно Движење за Човекови права со Седиште во Канада и македонското патриотско здружение од Канада „Андон Лазов Јанев Ќосето“.

„Само во Република Македонија зборот Македонија ќе биде забранет, на своите деца и внуци да не смееш да им кажеш од таа историја и името Македонија да го споменеш.Тоа е почеток на крајот на македонската држава и нација. Кој му дава право на некој да одлучи да ја смени целата македонска вековна историја, кој му дава право да го избрише еден од нјстарите народи во светот, замислете ќе биде избришан за да бидат задоволени интересите на државите кои што сакаат тотално поништување на Македонија и македонскиот народ“, истакнал Крсте Ивановски.