Home Актуелно Продолжен притворот за градоначалникот на Ново Село

Продолжен притворот за градоначалникот на Ново Село

Со прифаќање на жалбата на ОЈО Струмица во врска со укинувањето на притворот, Апелацискиот суд суд во Штип ја продолжи мерката притвор до правосилност на пресудата за градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, и останатите осудени.

Во средата Основниот суд во Струмица го осуди актуелниот градоначалник на Ново Село на година и пол затвор, а неговиот син и внук добија казни од една година затвор. Сопругата на градоначалникот доби условна казна од една година поради здравствени причини.  Полицијата ги фати на месноста Попова Чука близу границата при обид за шверц на цигари.

По изрекувањето на пресудата судијата им ја укина мерката притвор, по што обвинителството се жалеше, па штипска Апелација им изрече притвор до правосилноста на пресудата, односно до 60 денови.

Извор: Мета

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…