Продава разголени фотки за да собере пари за учество на Олимпијадата во Париз


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во светот има само неколку спортисти кои имале можност да се натпреваруваат и на летните и на зимските Олимписки игри.

Следното лето Романија треба да ја добие првата спортистка која може да се пофали со тој подвиг.

Станува збор за Александра Јанкулеску (31), спортистка која поголемиот дел од животот го поминала во Канада. На ЗОИ во Пјонгчанг во 2018 година ја претставуваше Романија во брзо лизгање, а сега сака да се испроба и како велосипедист на Летните игри. Започнала со натпревари и подготовки, но трошоците се големи, па покрај тренинзите, кариерата ја турка и на сајтот за возрасни Only Fans.

„Најпрво ми требаше еден месец да видам како ќе биде, а потоа видов дека е лудо. Не можев да верувам, си реков: „Чекај, навистина некој ќе плати за ова?“. Го сакам своето тело, дефинитивно би објавила фотографии. Решив да си дадам шанса“, изјави Јанкулеску во едно интервју во 2021 година и додаде:

„Не сакав да ме гледаат како личност која е позната само по тоа што е спортист кој напорно се трудел и се школувал, зборувам повеќе јазици и сето тоа, но… После еден месец животот ми се промени. Денеска плаќам комуналии од фотографиите, кирија и трошоци за обука“.