Проблемот со широките колкови – Зошто не можете да ги намалите

Проблемот со широките колкови - Зошто не можете да ги намалите

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сакате да ја намалите ширината на колковите, но никако не ви успева?

Не се откажувајте од вежбањето и здравата исхрана, иако подолго време не го постигнувате посакуваниот изглед. Тоа можеби се случува бидејќи постојано ги правите овие грешки:

  1. Вежбате грешни вежби

Реално гледано – вашиот структурен тип не може да се промени бидејќи вашето тело е едноставно такво. Сепак, можете да го подобрите со помош на правилни вежби. Во случај да правите погрешни видови вежби, е логично дека нема да видите резултат, барем не во краток период.

Најдобрата вежба која ги намалува колковите и го отстранува целулитот се чучневи, и тоа во сите варијации.

  1. Занемарувате други мускули

Ова се однесува особено на мускулите на ногата. За подобар изглед на колковите, е важно да ги активирате и вежбате сите мускули, особено внатрешните страни на бутната мускулатура и колената. Не фокусирајте се само на трчање или возење велосипед – правете разновидни вежби, кои ги вклучуваат сите групи мускули на ногата.

  1. Избегнувајте поголем отпор

Ова не важи само за колковите, туку за сите мускули. Ако сакате добри резултати, треба постојано да ги поместувате границите. Штом некои вежби ви станат лесни, зголемете го бројот и тежината на нив.

  1. Имате нереални цели

Колковите нема да се намалат за толку краток временски период. Мора да вложите многу труд и трпение, а резултатите ќе дојдат.

  1. Не правите кардио вежби

Кардио вежбите не само што се добри за дефинирање на колковите и нивно “изгубување”, туку се добри за целото тело. Возење велосипед, пешачење по степеници и други вежби се она што ви е потребно за постигнување на целта.

  1. Немате правилна исхрана

Исхраната е најбитна за било каква промена. Треба одеднаш да ја промените и да го доведете вашиот начин на живот во ред.