Home Спорт Пристигна потврда: Заза е играч на Милан

Пристигна потврда: Заза е играч на Милан

Италијанските медиуми потврдија дека Милан и Валенсија постигнале договор за трансфер на напаѓачот Симоне Заза.

Уште вчера медиумите на Апенините информираа дека Заза постигнал договор со „росонерите“, а денес таа информациај ја потврди неговиот агент Бепе Боцо.

Денес Милан постигна договори и со Валенсија, а трансферот ќе чини вкупно 20 милиони евра. „Росонерите“ ќе платат 2 милиони евра за едногодишна позајмица со задоволжителен откуп следното лето за додатни 18 милиони евра.

Заза ќе потпише 4-годишен договор со миланскиот клуб каде ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона и ќе биде замена за Никола Калиниќ, кој е пред трансфер во Атлетико Мадрид исто така за 20 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…