Home Вебкафе Примамлива понуда: Ветува дека ќе објави порно снимка ако добие милион следбеници на YouTube

Примамлива понуда: Ветува дека ќе објави порно снимка ако добие милион следбеници на YouTube

Да се биде блиц интернет сензација денес е еднакво примамливо и посакувано како и конвенционалната слава, а некои луѓе ќе направат буквално сè што е во нивна моќ и домен за да го привлечат јавното внимание, макар и за кратко, дури и со најбизарни потези.

Една до нив е и досега непознатата YouTube корисничка Лена Нерсесијан, која својата публика ја остави во недоумица кога им вети дека ќе сними порно снимка и ќе ја објави јавно ако ѝ помогнат да собере еден милион следбеници (subscribers) на нејзиниот YouTube канал.

Таа имаше нешто повеќе од 40.000 следбеници кога ја објави понудата, по што нејзината бројка на следбеници скокна на над 154.000. Сепак, ја чека напорна работа и труд за да ја достигне посакуваната бројка, нормално, веројатно со користење на нејзините бујни атрибути и адути.

„Добив понуда да глумам во порно филмови, но тоа воопшто не ме интересира. Сепак, ако стигнам до бројката од еден милион следбеници, ќе снимам еден таков филм“, изјави Лена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Десет магични места на Медитеранот за вашето следно патување

Замислете го ветерот како нежно ја замавнува завесата додека седите на тераса со поглед ко…