Home Актуелно Прибе апелира: Правото и демократијата не функционираат во Македонија

Прибе апелира: Правото и демократијата не функционираат во Македонија

Експертот Рајхард Прибе апелира дека владеењето на правото и демократските институции не функционираат во Македонија.

Тврди дека неговиот извештај за Македонија изработен после бурната афера со мегаломанските прислушувања и политичката криза која ја предизвика истата, не бил фокусиран против одредена политичка опција во државата туку, бил насочен кон воспоставуање на владеењето на правото и судскиот систем.

Прибе, кој беше дел од петчлената експертска група, врз основа на чии извештаи се градеа темелите на реформите, што во земјава се спроведуваат по кризата и скандалот со прислушувањето, смета дека направен е напредок со Договорот од Преспа, но дека значителни недостатоци во влаеењето на правото.

Тој напомена дека прогрес е направен и оти во моментов е потребно да се надмине длабоката политичка поделеност во земјата со консеузус за тоа што е потребно за да се направи прогрес.

Како исклучителен го оцени Договорот со Грција за решавање на името, а за премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас рече дека покажале огромна храброст.

Прибе изрази задоволство и од Договорот за добрососедство со Бугарија и додаде дека нема сомнение оти консолидацијата со две земји-членки на ЕУ ќе ја движи земјата напред кон нејзината ЕУ агенда.

Сепак тој напомена дека постои свест дека има значителни недостатоци на владеењето на правото и функционирањето на демократските институции, што како што рече се главните прашања, кои го засегнаат Брисел и сите земји членки.

ЕУ не е рај на земјата и Унијата без сомнение се соочува со тешки моменти, нагласи Прибе и додаде дека Брегзит покажал дека напуштањето на Унијата е исто толку комплицирано како и влезот. Истакна дека и самата Унија се соочува во своите кризи – разликите меѓу земјите-членки за мигрантската криза, а во некои земји-членки се нотирани сериозни проблеми во однос на владеењето на правото и демократските стандарди, но и борбата против корупцијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…