Home Актуелно При крајот на сезоната, на Шапка пуштена новата шестоседна жичара

При крајот на сезоната, на Шапка пуштена новата шестоседна жичара

После две години во исчекување, ЕЛЕМ Турс конечно, речиси при крајот на оваа зимска сезона, ја пушти во употреба новата шестоседна жичница во најголемиот зимски туристички центар во Македонија – Попова Шапка.

Новата аквизиција го означи стартот на работата сп присутво на техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Садула Дураки, министерот Крешник Бектеши и директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски и управителот на ЕЛЕМ Турс Џемаиљ.

Работата на овој проект се движеше во застој повеќе години, а требаше да биде реализиран минатата скијачка сезона.

Иницијативата „Спас за Попова Шапка“ тврдеше дека АД ЕСМ не ѝ пушта електрична енергија на фирмата ќерка ЕЛЕМ Турс, која ја градеше шестоседната жичница, и дека поради тоа се одложува техничкиот прием.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…