Home Актуелно При апсењето на цариници и полицајци на Табановце беше пронајдена кутија полна со различни девизи

При апсењето на цариници и полицајци на Табановце беше пронајдена кутија полна со различни девизи

За време на синоќешната акција на полицијата и Обвинителството за организиран криминал и корупција била пронајдена кутија со евра, долари, турски лири, швајцарски франци и денари, пренесува ТВ Телма повикувајќи се на полициски извори.

Синоќа на граничниот премин Табановце полицијата и ОЈО ГОКК спроведе заедничка акција како дел од истрага за злоупотреба на гранични полицајци и цариници. Ова предизвика повеќечасовен застој за влез на патниците во Македонија.

„Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваме заедничка акција на ГП Табановце. Утре ќе имаме детали“, соопшти вчера МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…