Home Актуелно Пациентите со цистична фиброза денеска на протест пред Министерството за здравство – не им е обзбедена ветената терапија

Пациентите со цистична фиброза денеска на протест пред Министерството за здравство – не им е обзбедена ветената терапија

Членовите на Здружението за цистична фиброза денеска со почеток во 11:55 часот ќе протестираат пред Министерството за здравство, бидејќи,како што велат, и покрај ветувањата што ги добиле од Министерството, ФЗО, одделенијата каде што се лекувале нивните пациенти, нема подобрување во лекувањето на болеста и нивната здравствена состојба се влошува.

„Како што знаете, Здружението за цистична фиброза активно водеше кампања за поттикнување на надлежните институции да воведат CFTR модулатори за сите пациенти. Терапија досега не е понудена и не добивме одговор дали ќе биде понудена и кога“, се вели во соопштението на Здружението.

Инаку, во последните неколку дена на социјалните мрежи се шири апел за пациент со цистична фиброза, кој ги моли институциите да му помогнат, додека Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување со месеци немаат одговор на барањата на Клиниката за детски болести за употреба на лекот „Трикафта“ за подобрување и одржување на здравјето и квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза.

Ова го потврди и проф. Стојка Нацева-Фустиќ, в.д. директор на Клиниката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…