При апсењето на цариници и полицајци на Табановце беше пронајдена кутија полна со различни девизи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За време на синоќешната акција на полицијата и Обвинителството за организиран криминал и корупција била пронајдена кутија со евра, долари, турски лири, швајцарски франци и денари, пренесува ТВ Телма повикувајќи се на полициски извори.

Синоќа на граничниот премин Табановце полицијата и ОЈО ГОКК спроведе заедничка акција како дел од истрага за злоупотреба на гранични полицајци и цариници. Ова предизвика повеќечасовен застој за влез на патниците во Македонија.

„Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваме заедничка акција на ГП Табановце. Утре ќе имаме детали“, соопшти вчера МВР.