ВИДЕО: Претседателот Пендаровски тврди дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во време кога е засилена дискусијата со бугарските политичари и историчари за тоа кој е Гоце Делчев, при што од бугарска страна стигнуваат и закани и уцени дека ако не ја прифатиме бугарската верзија на историјата, ќе останеме без датум во ЕУ, своја изјава даде и актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Тој во интервју за „360 степени“ на Алсат М, вели дека е неспорна историска вистина оти Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, во тој историски контекст, како што е неспорна историска вистина и факт дека се борел за македонска држава.

Сигурен сум дека постепено ќе станува политички проблем. Тврдам дека допрва ќе станува политички проблем ако пристапот од бугарска страна продолжи да биде ваков. Неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку сознанија од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но дали не е историска вистина стопроцентна дека Гоце Делчев се борел за македонска држава, автономија, независна држава, па дури и на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија. Не постои ниеден документ кој вели дека Гоце Делчев се борел за голема Бугарија или изјави или став дека се борел за припојување на тогашната провинција во Османлиското царство Македонија, кон Бугарија – рече Пендаровски.

Со оваа изјава претседателот Пендаровски можеби ја нарушува нашата позиција во дискусијата меѓу двете комисии. Имено, ставот на досегашната македонска официјална историографија е дека Милет системот што важел во Османлиската држава не го претставувал директно националниот идентитет на македонскиот народ. Имено, во Османлиска Турција, христијаните биле регистрирани според црквата на која и припаѓаат, па така тие што оделе во бугарски цркви биле дел од Булгар милет, а оние што оделе во грчки – Рум милет. На почетокот на 19 век, сите македонски христијани биле регистририани како Рум милет и биле предмет на грцизација, за по Руско-Турската војна најголемиот дел да влезат во новоформираната Бугарска егзархија и така станале дел од Булгар милет системот. Фактички изборот на македонското население тогаш било да се изјаснува како Грци, Бугари или поретко Срби. Со зреењето на македонската национална свест во втората половина на 19 век, кај дел од македонската интелигенција се јавува движење за посебна македонска држава. Овие македонски интелектуалци често ја поврзувале својата национална свест уште со Александар и Филип Македонски.