Home Спорт Претседателот на Рома: Алисон е блиску до Реал, Наинголан се сели во Интер

Претседателот на Рома: Алисон е блиску до Реал, Наинголан се сели во Интер

Претседателот на Рома, Џејмс Палота денес имаше бомбастична изјава која стана главна тема во италијанските медиуми.

Имено, Палота директно потврди дека голманот Алисон е блиску до трансфер во Реал Мадрид, а Наинголан ќе се пресели во Интер.

„Алисон во Наполи? Не, Де Лаурентис не сака да троши толку пари. Алисон чини 78 милиони евра и е блиску до трансфер во Реал Мадрид. Наинголан веќе одлучи – ќе се пресели во Интер“, изјави Палота.

Медиумите веќе подолго време пишуваа за двата трансфери, но ваквата изјава на Палота е шокантна, бидејќи преговорите се се уште во тек.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…