Home Актуелно Претседателот Иванов се сретна со генералната директорка на УНЕСКО

Претседателот Иванов се сретна со генералната директорка на УНЕСКО

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Аман оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова, на која е разговарано за тековните и идните активности и проекти на Република Македонија во соработка со светската организација за образование, наука и култура.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, двајцата соговорници ја потврдија одличната соработка меѓу Република Македонија и УНЕСКО и изразија подготвеност за нејзино проширување во насока на натамошна реализација на проекти од областите на културата, образованието, науката, комуникациите, информациите, и во однос на програмите за млади и граѓанското општество.

Иванов истакнал дека Република Македонија ѝ дава големо значење на соработката со УНЕСКО и активно ги промовира и учествува во нејзините активности и иницијативи.

– Република Македонија ги поддржува програмите на УНЕСКО и ние сме исклучително посветени во напорите за заштита на изобилното природно и културно-историско наследство кое го имаме – посочи Иванов и изрази благодарност за поддршката која УНЕСКО континуирано и ја дава на Република Македонија преку проекти реализирани во рамките на мултилатералната и директната соработка.

На средбата се разменети мислења околу актуелните случувања во Република Македонија на политички план, информации за улогата на УНЕСКО во однос на бегалската криза, како и за актуелностите и реформските процеси во светската организација. Во таа насока, Бокова го информирала претседателот Иванов за предизвиците со кои се соочува УНЕСКО.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…