Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со дожд

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 12, а дневните ќе бидат во интервал од 23 до 29 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 9 и дневна до 28 степени.

Следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, при што во четврток услови за нестабилност ќе има претежно во планинските подрачја, додека во петок и во недела нестабилно ќе биде на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава.

Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат насекаде низ земјава.