Home Актуелно Претпладне сончев понеделник, попладне облаци и услови за дожд

Претпладне сончев понеделник, попладне облаци и услови за дожд

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има повремен дожд особено на запад, каде што е можна појава и на ретки грмежи и повремено умерен дожд.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 15 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 18 до 30 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 11 и дневна до 27 степени.

Во вторник врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југот и југоистокот дождот ќе е пороен и со грмежи. Во среда се очекуваат да наврнат и пообилни количества, а тогаш и ветерот ќе е посилен. Во следнава недела утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање, а дневните од четврток ќе се во пораст.

Во почетокот на оваа седмица се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…