Актуелно

Пехчевец се фрлил во провалија пред вереницата и нејзиниот вујко

Триесетгодишен жител на Пехчево во саботата околу 19:10 часот скокнал во провалија пред вереницата и нејзиниот вујко. Немилиот настан се случил на автопатот од Скопје кон Велес кај местото Ветерско, а и покрај потрагата која траела до полноќ, тој не бил најден.

Како што соопшти полицијата, најпрво се паркирал со возило на просторот кај Ветерско, потоа излегол од него и скокнал. Пребарување на теренот извршила екипа од ЕСЗ Тигар, но безуспешно.

Вчера рано изутрина, околу четири часот Интерното одделение на ЈЗУ Велес пријавило дека жителот на Пехчево по кого се трагало побарал лекарска помош,а бил донесен од негов роднина.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

To Top