Актуелно

Претежно облачен четврток

Денес, 14 ноември, четврток, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Наутро со услови за појава на магла по котлините.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната 10 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и со услови за утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во Маврово дневната температура ќе достигне до 11 степени, Охрид 15, Битола 17, Крива Паланка 16, Берово 15, Кавадарци 20, Дојран 19.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 11 до 20 степени.

Advertisements
To Top