Home Актуелно Кривична за вработена во клуб со автомати – пуштала пари во апаратите без покритие

Кривична за вработена во клуб со автомати – пуштала пари во апаратите без покритие

25-годишната И.М. од Ресен и 39-годишниот И.И. од Сарај добија кривични пријави поради сомневање дека сториле кривични дела „затајување” и „поттикнување” со злоупотреба на работната должност на првоосомничената во еден клуб со автомати.

На 17 септември во периодот од 22 часот до 7 часот наутро наредниот ден во автомат клуб на булеварот „Октомвриска револуција“, првопријавената, вработена како касиер, заедно со второпријавениот, кој бил гостин во казиното, во договор, во повеќе наврати извршила уплата на парични средства на повеќе апарати без покритие.

На тој начин тие се стекнале со противправна имотна корист во вредност од 251.540 денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…