Пресврт: Суперкласико ќе се игра на „Сантиаго Бернабеу“!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бока Јуниорс и Ривер Плата ќе го одиграат финалниот реванш натпревар од Копа Либертадорес на 8-ми декември, но се уште не се знае точно на кој стадион.

Натпреварот два пати беше одлоќен поради нападот на автобусот на фудбалерите на Бока. Некои играчи завршија во болница, настана хаос на улиците во Буенос Аирес, а потоа КОМНЕБОЛ одлучи мечот да се игра на 8-ми декември, но надвор од Аргентина.

Многу градови се пријавија да бидат домаќини на овој спектакл, па иако се шпекулираше дека мечот ќе се игра во Доха, последните информации тврдат дека ќе се игра на еден легендарен стадион во Европа.

Имено, шпанските медиуми пренесуваат ексклузива и тврдат дека главниот кандидат за оддржување на големото финале измеѓу Бока и Ривер сега е стадионот на Реал Мадрид „Сантијаго Бернабеу“.

Конечната одлука треба да се донесе наредните денови, но медиумите се сигурни дека ќе се игра на „Сантиаго Бернабеу“.