Home Актуелно Преспанскиот договор треба да биде запрен, смета професор од Оксфорд!

Преспанскиот договор треба да биде запрен, смета професор од Оксфорд!

Џејмс Петифер, професор по балканска историја на колеџот Сент Крос од Оксфорд, повика на запирање на Преспански договор, кој предвидува преименување на македонската држава во Северна Македонија и цел пакет уставни промени поврзани со тоа.

„’Грчкиот министер за одбрана ги обвинува официјалните лица на ПЈРМ за поткопување на односите’ (‘Катимерини’). Го разбирам погледот на Каменос, но, имајќи ја предвид домашната публика на Димитров, Преспа е осудена на влошување на односите во пракса. Преспа треба да биде запрена“, напиша на својот профил на „Твитер“ балканологот што малку пред тоа ќе твитне: „Среќен сум што сум потписник на ова писмо, кое дава добар, чувствителен став против Преспански ‘договор’, кое лондонски ‘Гардијан’ одби да го печати“.


Извор: Експрес

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…