Home Актуелно Препораки од Комисијата за заразни болести за следните олабавувања на мерките

Препораки од Комисијата за заразни болести за следните олабавувања на мерките

Утрово на Комисијата за заразни болести се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Од среда, 16 јуни:

Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова.

Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.

Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Оваа информација утрово на својата Фејсбук страница ја сподели Министерот за здравство, Венко Филипче. Досегашната пракса покажала дека Владата ги прифаќа сите предложени мерки од КЗБ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…