Home Актуелно Премиерот на Канада, Џастин Трудо, во самоизолација – неговата сопруга покажала благи симптоми на коронавирус

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, во самоизолација – неговата сопруга покажала благи симптоми на коронавирус

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, се наоѓа во самоизолација поради сомнеж на коронавирусот, потврди неговиот кабинет.

Неговата сопруга Софи Грегоар Трудо почнала синоќа да покажува благи симптоми на болеста по посетата на Британија и сега ја тестираат за вирусот.

Премиерот и неговата сопруга ќе останат дома во изолација додека не пристигнат резултатите од тестирањето, пренесува ВВС.

Според советот на својот лекар, Трудо продолжува со секојдневните активности, но поради претпазливост работи од дома. Премиерот требало во следните два дена да има состаноци во Отава со покраинските премиери, но состаноците сега се одложени, а разговорите ќе се вршат преку телефон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…